Се сеќавате ли на Давид Луиз? Долгата виткана коса е минато, сега изгледа сосема непрепознатливо
Редакција21 апр 2025

Некои фудбалери, колку и да биле добри или лоши, се препознаваат по имиџот кој навистина лесно се памети. Еден од тие фудбалери беше и поранешниот фудбалер на Челзи, Давид Луиз.
Триесет и седумгодишниот Луиз се врати во татковината и игра за бразилскиот клуб Форталеза, но сега многу малку луѓе би можеле да го препознаат „на прв поглед“. Најдобрите фудбалски денови Луиз ги имаше меѓу 2011 и 2021 година, кога играше за Челзи, ПСЖ и Арсенал, а покрај одличната игра во одбраната, беше препознатлив и по долгата, густа, виткана коса. Сепак, фотографиите кои вчера пристигнаа од Бразил го обиколија светот, а една од нив ја сподели и Фабрицио Романо.
Сподели
Поврзани вести

Норвешка го елиминираше Бразил, а Ема стана позната бидејќи личи на Халанд (ВИДЕО)

Повторно ја предвидија иднината: Кој ќе игра во финалето на Светското првенство според „Семејството Симпсон“?

Африкански врач ја исполнил мисијата и ја „симнал клетвата“ од Хари Кејн: Го ослободив, сега може да постигне гол против Панама (ВИДЕО)
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.
