Фудбал
Се врати Маурицио Сари!

Италијанскиот фудбалски прволигаш Лацио го назначи денеска Маурицио Сари за нов тренер.
Сари, по пауза од 15 месеци се враќа во римскиот клуб и доаѓа на местото на Марко Барони, потпишувајќи двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една година, се вели во соопштението за медиумите од клубот од Рим.
Сари поднесе оставка во Лацио пред крајот на сезоната 2023/2024 поради незадоволителни резултати и оттогаш е без ангажман.
Лацио го претстави со видеоматеријал во кој се прикажани најважните моменти од првиот мандат на Сари, но, исто така, од зад отворената врата се појавува бел чад, со звук на запалка, а потоа и цигари во пепелникот, што е алузија на 66-годишниот тренер, кој е страстен пушач.
„Лацио со задоволство го најавува враќањето на Маурицио Сари на чело на првиот тим. По искуството што започна во 2021 година, тосканскиот тренер се враќа во нашите бои, потсетувајќи се на нераскинливата врска со клубот, навивачите и тимот кои успеаја да го изразат својот стил и заедништво под негово водство“, се вели во клупското соопштение.