SportM
Кошарка

Се врати НБА, Бостон со рекорден број уфрлени тројки!

Редакција23 окт 2024
Се врати НБА, Бостон со рекорден број уфрлени тројки!

 Со два натпревара одиграни ноќта вторник кон среда почна сезоната 2024/25 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Бранителот на трофејот, тимот на Бостон селтикс забележа убедлив триумф над Њујорк никс со 132:109. Селтикси со 29 тројки го израмнија рекордот на Милвоки Бакс од 2020 година, а осум погоди Џејсон Тејтум, кој натпреварот го заврши со дури 37 поени со 4 скока и 10 асистенции. Дерик Вајт додаде 24, а Џејлен Браун 23 поени.

На другиот натпревар, Лос Анџелес лејкерс ја совлада Минесота тимбервулвс со 110:103. Ентони Дејвис се истакна во победничкиот состав со дабл-дабл учинок (36 поени и 16 скокови).

Во тимот на Лејкерс, 39-годишниот Леброн Џејмс и неговиот 20-годишен син Брони Џејмс се појавија на теренот заедно во втората четвртина и станаа првото дуо татко-син во историјата на НБА.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.