Седлоски го повика, Србија го врбува, но играчот на Црвена Звезда со објавата ги реши дилемите! (ФОТО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, го објави списокот на играчи за Лигата на нации, а играчот на Црвена Звезда, Матеј Гаштаров, е во фокусот на јавноста. Седлоски се надева дека Гаштаров ќе се приклучи на тимот во понеделник, бидејќи така му кажал. Сепак, Фудбалскиот сојуз на Србија се обидува да го убеди да се пресели во таборот на „орлите“.
Младиот Матеј Гаштаров доби шанса кај Алберт Ријера во Црвена Звезда и веднаш ја искористи. ФСС не се двоумеше премногу и стапи во контакт со играчот на Звезда за потенцијална промена во националниот тим, како што откри директорот за стратегија и развој на Фудбалскиот сојуз на Србија, Ранко Стојиќ.

Сепак, Гаштаров се огласи на социјалните мрежи, поточно на Инстаграм објавувајќи го списокот на повикани фудбалери за Македонија, меѓу кои е и неговото име. Ставил емоктикон, цртичка, а со ова веројатно стави крај на надежите на Србија, односно ги реши дилеми за кого ќе игра.
Инаку, Гаштаров е роден во Скопје во 2006-та година. Фудбалската кариера ја започна во младинските категории на Вардар, а во август 2004-та година се пресели на „Маракана“.
Во текот на сезоната 2024/25, тој беше еден од најстандардните играчи во младинскиот тим на Црвена Звезда, кој го круниса со освојување на титулата. По забележителните настапи во младинскиот тим и стекнувањето искуство како сениор на позајмица во Борац Чачак, младиот играч од средниот ред помина комплетни подготовки со првиот тим на црвено-белите, за време на кои успеа да го импресионира тренерскиот штаб. Гаштаров игра како дефанзивен играч од средниот ред и се одликува со квалитетен шут од далечина, голем опсег на движење, прецизно додавање, одлична визија за играта и силен борбен дух на теренот. Има договор со тимот од Белград до 2029-та година.



