SportM
Фудбал

Седлоски најавува промени за мечот со Турција: Сите ќе почувствуваат како е да се игра за репрезентација

R E31 мај 2026
Седлоски најавува промени за мечот со Турција: Сите ќе почувствуваат како е да се игра за репрезентација

Македонската репрезентација во Истанбул, ги привршува подготовките за утрешниот контролен натпревар против Турција, една од селекциите кои обезбедија пласман на Светското првенство.

Во пресрет на дуелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“, селекторот Гоце Седлоски истакна дека натпреварот претставува одлична можност за проверка на квалитетите на новиот тим што се создава.

-Турција е исклучително квалитетна репрезентација со фудбалери кои настапуваат на највисоко европско ниво. За нас ова е уште еден важен тест во процесот на градење на тимот. Немаме многу време за работа, но задоволен сум од односот и ангажманот на играчите. Сакам да се претставиме во добро светло и да покажеме дека можеме рамноправно да се носиме и со вакви противници“, изјави Седлоски.

Селекторот најави можност за промени во составот во однос на натпреварот против Босна и Херцеговина, со цел шанса да добијат и останатите репрезентативци.

-Во составот имаме многу нови играчи, меѓу нив и седуммина од домашното првенство. Важно е сите да почувствуваат што значи да се игра за репрезентацијата и постепено да се вклопат во системот. Резултатот е важен, но уште поважно е да изградиме препознатлива игра и тимска хемија“, додаде Седлоски.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.