SportM
Фудбал

Сега е официјално, едниот во Интер, а другиот брат во Јувентус, за кого ќе навива нивниот татко, славен фудбалер на „Старата дама“?! (ВИДЕО)

Редакција9 јул 2024
Сега е официјално, едниот во Интер, а другиот брат во Јувентус, за кого ќе навива нивниот татко, славен фудбалер на  „Старата дама“?! (ВИДЕО)

Kефрен Турам и официјално е нов играч на Јуветус. Попладнево тој пристигна во Торино, на медицински прегледи, а потоа следува потпишувањето на договорот. Хефрен одлучи да го избере Јувентус, иако за него имаше интерес и од Интер, каде што игра неговиот брат Маркус Турам. Следната сезона двајцата ќе бидат дел од Дерби ди Италија помеѓу Јуве и Интер.

Инаку, нивниот татко е Лилиан Турам, славен играч на Јувентус, а претходно и на Парма, кој прв ја напушти „Старата дама“ кога во 2006-та година беше казнета поради скандалот „Калчополи“ со местење на натпревари.

Кефрен Турам игра во средниот ред, а досега беше дел од францускиот тим Ница.  Има 23 години и неговиот договор со Јуве ќе биде петгодишен, односно до 2029-та година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.