SportM
Фудбал

Секоја чест за хет-трикот и величината, но дали Меси требаше да добие директен црвен картон?! (ВИДЕО)

Редакција17 јун 2026
Секоја чест за хет-трикот и величината, но дали Меси требаше да добие директен црвен картон?! (ВИДЕО)

Лионел Меси постигна хет-трик во победата на Аргентина против Алжир на Светското првенство. Сепак, внимание привлече неговиот остар старт во 31-та минута над Аиса Манди.
По дуелот, Меси со копачка го нагази противникот по листот на десната нога. Алжирските фудбалери бараа директен црвен картон поради опасниот старт.

Судијата Шимон Марчињак не му покажа ниту жолт картон, а ВАР не интервенираше. Алжир доби само слободен удар. Одлуката предизвика бројни полемики и ги подели мислењата на фудбалската јавност. Во минатото сме биле сведоци дека други фудбалери при вакви стартови добивале директен црвен картон.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.