Connect with us

Кошарка

Селекторот Јовчевки по убедливиот пораз од Литванија: Енергијата од едно полувреме не беше доволна!

Селекторот Александар Јончевски беше задоволен по прикажаното од нашиот националeн тим, особено она во второто полувреме. Но на крајот тоа не беше доволно за да се изнанди фаворизираниот противник.

Литванија стигна до убедлив триумф (82:67) на гостувањето во Скопје.

„Пред се честитки до селекцијата на Литванија за победата. Бевме премногу меки на стартот, не бевме изненадени од нивната енергија, но не одговоривме на вистински начин. Во моментот кога сфативме дека мораме да возвратиме со иста енергија, со иста борба, во второто полувреме ја променивме и одбраната, што ни даде резултат.

Енергијата во првото полувреме беше недоволна, ако бевме 40 минути на исто ниво можеби и целокупната слика на овој натпревар ќе беше поинаква. Верувам дека кошаркарскиот талент беше на наша страна, но физичката сила и енергијата беше она што им ја донесе на Литванците оваа победа“ – изјави Јончевски на прес-конфенрецијата по натпреварот во која Литванија победи со сигурни (82:67).

За она што следува во квалификациите, односно за неделниот дуел во Клаипеда, се очекува Македонија  да биде засилена со Ненад Димитријевиќ, но селекторот потврди дека Андреј Магдевски и Етан Хап нема да може да помогнат ниту на гостувањето во Литванија.

„Верувам дека со Димитријевиќ работите ќе бидат подобри. Но ќе мораме да го смениме ставот, и да одиграме цел меч, ако сакаме подобар исход. Итан Хап дојде, неговата состојба не е подобрена. Истото важи и за Магдевски. Двајцата нема да патуваат со нас во Литванија, повредите очигледно се посериозни и тие нема да можат да ни помогнат ниту на вториот натпревар“ – откри нашиот селектор.

Извор КФСМ