SportM
Фудбал

Селекторот на Иран до колегите: Ова не е хумано, зошто сите молчите?!

Редакција22 јун 2026
Селекторот на Иран до колегите: Ова не е хумано, зошто сите молчите?!

Иранската репрезентација на Светското првенство 2026 се соочува со, како што тврдат од тимот, нееднаков третман и отежнати услови за патување меѓу Мексико и САД.

Екипата е сместена во Тихуана, од каде патува на натпревари во Лос Анџелес, со многу кратко време за одмор и опоравување. Селекторот Амир Галеној ги критикуваше организациските услови, наведувајќи дека им биле одбиени барањата за подолг престој и подобра подготовка.

Селекторот на Иран е особено разочаран од недостигот на солидарност во фудбалската заедница, бидејќи неговите прашања останале без одговор.

„Испратив прашање до останатите селектори на сите 47 репрезентации и никој не ми одговори. Ние сме тука поради спортот, а не политиката, и тоа постојано го нагласуваме. Нашето незадоволство е насочено исклучиво кон третманот што го имаме. Свесен сум дека сите се фокусирани на своите тимови и не очекувавме чуда, но доколку видев дека кон која било друга репрезентација се постапува вака, јавно би реагирал.“


Фудбалскиот сојуз на Иран поднесе жалба до ФИФА, тврдејќи дека условите се нехумани и го отежнуваат спортскиот настап. И покрај проблемите, Иран останува во трка за пласман во нокаут-фазата, но ги очекува дополнително напорно патување во следното коло.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.