SportM
Други

Шампион веќе на следната трка, Антонели стои цврсто на земја: Сме поблиску до целта

SPORTM.mk12 окт 2026
Шампион веќе на следната трка, Антонели стои цврсто на земја: Сме поблиску до целта

Италијанскиот пилот Кими Антонели се класификуваше како трет на последната трка од Формула 1 што се одржа во Сингапур. Сега тој се одвои на 102 поени во пласманот пред најблискиот следач, неговиот соиграч Џорџ Расел.

“Во Сингапур беше навистина тешко, но сум среќен со ова место на подиумот. Успеав да искористам од дуелот меѓу Хамилтон и Норис. Ова е одличен резултат за тимот”, изјави 19-годишниот италијанец кој се натпреварува за Мерцедес.

“Не размислувам за можноста за обезбедување на титулата во Остин. За моментот, сакам само да се концентрирам да ги направам работите како што треба тој викенд. За титулата се зборува подолго време и сега сме речиси таму, многу блиску до неа”, рече Антонели.

Понатаму, тој додаде: “Се чувствувам блиску до целта, но знам исто така дека ако не делувам како што треба, резултатот нема да дојде. Треба да го одржам нивото на перформансите високо, тоа е најдобриот начин да се постигне конечната цел”.

“За среќа, имам луѓе околу мене кои ми помагаат да останам со нозе на земја. Ќе продолжам да ја користам подобрената кола, таа има голем потенцијал и исто така треба да размислуваме за колата за следната година”, рече Антонели.

“Трката во Остин ќе биде полесна од тука во Сингапур, затоа што нема спринт трка, така што ќе имаме три комплетни сесии на слободни проби за да ги најдеме вистинските параметри на функционирање“, изјави италијанецот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.