SportM
Фудбал

Шкендија против ТНС во првото квалификациско коло од ЛШ

E R17 јун 2025
Шкендија против ТНС во првото квалификациско коло од ЛШ

Фото: tv21m

Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доби велшки ТНС за противник во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Првите натпревари од новата сезона 2025/26 во ЛШ се на програмата на 8 и 9 јули, а реваншите на 15 и 16 јули.

Шкендија ќе му гостува на ТНС во првиот натпревар, пред реваншот во Македонија една недела подоцна.

За Шкендија и ТНС ова ќе биде втора меѓусебна пресметка, откако во 2018 година македонскиот тим го елиминираше велшкиот противник во воведното коло во квалификациите во ЛШ.

Шкендија на првиот натпревар на домашен терен победи со 5-0, а на гостувањето во Велс загуби со 4-0.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.