Шкендија целосно го надигра и победи Вардар

Во двата завршни натпревари од 2. коло во ПМФЛ, фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва Вардар на гостински терен со 2-0 (0-0), додека Скопје и Струга одиграа нерешено 1-1 (0-0).
Дербито на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје сосема заслужено ѝ припадна на Шкендија, која по бавното темпо без посериозни шанси во првото полувреме, прикажа надмоќен фудбал во продолжението и дојде до победата со двата гола на Фабрис Тамба во 52. и 76. минута.
Триумфот на тетовскиот прволигаш над бранителот на титулата можеше да биде уште поубедлив, но Криезиу и во два наврати Ндзенге не искористија стропроценти шанси за гол.
На дуелот меѓу Скопје и Струга, Малески му донесе водство на гостинскиот тим во 55 минута, а Беровиќ го израмни резултатот во 71 минута.
ПМФЛ – 2 коло:
Скопје – Струга 1-1
Вардар – Шкендија 0-2
Брегалница – Арсими 4-0 (сабота)
Башкими – Тиквеш 0-5 (сабота)
Шкендија Арачиново – Силекс 1-1 (петок)
Табела: Тиквеш 6, Шкендија 6, Силекс 4, Струга 4, Брегалница 3, Вардар 3, Скопје 1, Шкендија Арачиново 1, Арсими 0, Башкими 0.



