SportM
Фудбал

Шок во Манчестер Јунајтед, младиот талент бара веднаш да си замине

SPORTM.mk15 сеп 2026
Шок во Манчестер Јунајтед, младиот талент бара веднаш да си замине

Џеј Џеј Габриел, новиот млад талент на Манчестер Јунајтед и автор на хет-трик во првиот натпревар од Младинската лига, побара итно заминување од клубот.

Според Телеграф, 15-годишникот поднесе официјално барање во последните часови, изразувајќи ја својата намера да си замине од клубот веднаш. Изгледа дека односот помеѓу неговото семејство и управата на Манчестер Јунајтед е целосно нарушен. Клубот и стручниот штаб планирале да му дадат можност за деби оваа недела во Лига купот против Брајтон, како обид да го смират него и неговото семејство, но ситуацијата комплетно излегла од контрола.

Во Англија се вели дека неговото заминување е „како Барселона што го губи Меси“. Џеј Џеј Габриел ја заврши минатата сезона со 20 гола во 22 натпревари со екипата У-18.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.