SportM
Фудбал

Шок за Наполи, Лукаку на прегледи, дали е завршена 2025-та за него?!

E R18 авг 2025
Шок за Наполи, Лукаку на прегледи, дали е завршена 2025-та за него?!

Фото: tv21m

Угледниот спортски медиум „Газета дело Спорт“ објави загрижувачки вести, а и Наполи ги потврди информациите. Имено, Ромелу Лукаку бил на прегледи и тестови по повредата заработена на пријателскиот меч со Олимпијакос (2:1) одигран пред една недела.

Првичните резултати покажуваат дека е скинат мускулот на левиот бут. Тој веќе ја започнал програмата за рехабилитација, а се вришат и консултации за хируршки зафат. Доколку биде приморан да оди на операција тоа ќе значи пауза од 4 до 5 месеци, пишува „Газета дело Спорт“, што значи дека за Лукаку оваа натпреварувачка година е завршена и на располагање Антонио Конте ќе го има во вториот дел од сезонта.

Ова секако се лоши вести со оглед на тоа дека Наполи сезонава игра на три фронта, Серија А, ЛШ и Купот на Италија. 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.