Шпанија го наградува Де ла Фуенте со обновување на договорот и уште еден „подарок“
SPORTM.mk16 сеп 2026

По успехот на Светското првенство, Луис де ла Фуенте ќе остане на чело на Шпанија до 2030 година. Официјалното објавување на обновувањето пристигна неодамна преку претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лозан.
“Неговите резултати зборуваат сами за себе, неговата работна етика зборува сама за себе… и публиката го сака и му се восхитува. Му понудив продолжување на договорот затоа што не беше меѓу 10-те најдобри според финансиските услови. Сега ќе биде. Во процес сме на финализирање на договорот за да може да остане и за неколку години повеќе. Тој помина 14 години тука и сакам да ја заврши својата кариера овде”, изјави Лозан. В петок, Де ла Фуенте ќе го објави списокот за натпреварот на Шпанија во Лигата на нациите.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



