SportM
Фудбал

Шпанскиот фудбал во жалост, напаѓачот почина по судирот на терен со противничкиот голман

SPORTM.mk3 ное 2026
Шпанскиот фудбал во жалост, напаѓачот почина по судирот на терен со противничкиот голман

Шпанскиот фудбал е во жалост. Хесус де Мигел почина во утринските часови на 3 ноември 2026, во 08:00 часот, помалку од 24 часа по тешкиот судир на натпреварот од „Сегунда Дивизион“ меѓу Тенерифе и Андора.

Триесетгодишниот напаѓач беше примен во универзитетската болница „Нуестра Сеньора де Канделарија“, по судирот со голманот на Андора, Хесус Овоно, во последните минути од натпреварот. Двајцата се судрија при борба за топка во воздух, додека Де Мигел остана неподвижен на теренот. Натпреварот беше конечно прекинат во 108-та минута. Фудбалерот беше реанимиран од лекарите и со амбулантно возило пренесен во болница. Неговата состојба, која првично беше тешка, но стабилна, се влоши во текот на ноќта.

Тенерифе го објави трагичниот настан: „Уништени од болка, со грутка во грлото и неможност да поверуваме дека сè е вистина, објавуваме трагичната загуба на Хесус де Мигел Аламеда“.

Од клубот додадоа: „Нема зборови за утеха што можат да ја олеснат оваа тага. Сме со неговото семејство, блиските и сите навивачи на Тенерифе“. Семејството се заблагодари за пораките за сочувство и побара почитување на приватноста во овој болен момент.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.