SportM
Фудбал

Штета, Шкендија беше подобра, но не успеа против Хибернијан!

Редакција14 авг 2026
Штета, Шкендија беше подобра, но не успеа против Хибернијан!

Екипата на Шкендија не успеа да го помине третото коло во квалификациите на Конференциската лига. Тетовци вечерва на „Тодор Проески“ во Скопје одиграа нерешено 0:0 со шкотски Хибернијан и ги завршија настапите во евро-куповите.

По домашната победа со 2:1 Хибернијан избори плејоф во третото по квалитет клупско фудбалско европско натпреварување.

Шкендија имаше неколку изгледни напади по кои го загрозија гостинскиот гол, но не успеа да ја надомести негативата од еден гол од дуелот во Шкотска.

Претходно, во раната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите и за Конференциската лига беа елиминирани другите два македонски претставника оваа сезона, Вардар и Силекс.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.