SportM
Фудбал

Што му требаше ова? Роналдо го провоцираше голманот на Чешка по победничкиот гол (ВИДЕО)

Редакција19 јун 2024
Што му требаше ова? Роналдо го провоцираше голманот на Чешка по победничкиот гол (ВИДЕО)

Португалците синоќа по пресврт ја совладаа Чешка со резултат 2:1 во првото коло од групата Ф на Европското првенство во Германија. Чесите поведоа во 62. минута со голот на Лукаш Провод, а седум минути подоцна Робин Хранач си постигна автогол за 1:1.

Франциско Консеисао е во 90+2. минута и ги донесе сите три бода на Португалија, а по победничкиот гол Кристијано Роналдо направи неспортски потег. Имено, додека Коинсеикао трчаше кон корнер знаменцето со соиграчите за да го прослави голот, Роналдо трчаше пред чешкиот голман Јиндрих Станек и го испровоцира.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.