Што сакаш? Замолчи-Винисиус и Белингам се скараа за време на натпреварот со Баерн (ВИДЕО)
R E16 апр 2026

За време на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“ меѓу Баерн и Реал, дојде и до вербален судир меѓу гостинските играчи Винисиус и Џуд Белингам.
Имено, камерите на телевизијата Movistar го забележаа конфликтот меѓу двајцата играчи за време на една ситуација за Реал Мадрид, откако Упамекано лошо ја прими топката.
Винисиус влезе во шеснаесетникот, Белингам бараше додавање, но Бразилецот лошо ја контролираше топката, што му овозможи на дефанзивецот на Баерн да се врати и да ја отстрани опасноста.



