SportM
Фудбал

Што се случи со Словачка, дадоа гол, застанаа, Украина со пресврт до победа, ќе биде пеколно во групата! (ВИДЕО)

Редакција21 јун 2024
Што се случи со Словачка, дадоа гол, застанаа, Украина со пресврт до победа, ќе биде пеколно во групата! (ВИДЕО)

Отако Шранц во 17-тата погоди и донесе водство за Словачка се чинеше дека победата против Белгија од 1:0 не била случајна и дека на ова ЕП оваа селекција ќе биде сензација, бидејќи по два меча и се смешкаше пласман во 1/8 финалето. Сепак, Словаците против Украина загубија со 2:1, откако му дозволија на противникот да направи целосен пресврт.  Шапаренко во 54-та и Јаремчук во 80-та погодија за 2:1, со што ја оставија Украина во игра за следната фаза и покрај катастрофата од 3:0 во првото коло од Романија.

Вториот меч од оваа група помеѓу Белгија и Романија се игра утре вечер во 21:00 часот, а Белгија мора да победи, за да остане во игра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.