SportM
Други

Што се случува? Новак Ѓоковиќ почнал да носи превез на окото!

E R16 јан 2025
Што се случува? Новак Ѓоковиќ почнал да носи превез на окото!

Фото: tv21m

Отвореното првенство на Австралија одлучи да ги покрие ходниците на Род Лејвер арената со камери кои непрекинато ги снимаат тенисерите, па овојпат можеме да видиме ексклузивни содржини – како играчите се загреваат, разговараат по ходниците, се консултираат со тренерите и многу повеќе. Така, пред натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хаиме Фариа, еден детал привлече големо внимание, бидејќи навивачите забележаа дека Ѓоковиќ се појави со превез за очи?! Тоа не беше инфекција или проблем со очите, брзо беше откриено дека сето тоа е дел од вежбата.

Ѓоковиќ прво ставил превез на десното око, па на левото и имаше тренинг со своите тренери каде мораше да ги „изгаси“ светлата што се вклучија. Сè поголем број спортисти – пред се тенисери – користат превез за очи за време на тренингот бидејќи на тој начин го вежбаат своето „доминантно око“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.