Симеоне постави историски рекорд во Ла Лига: Многу труд, напор и играчи вклучени во една идеја

Дијего Пабло Симеоне сѐ уште ја слави победата од 3-0 против Хетафе во Ла Лига, која не значи само три поени за Атлетико Мадрид, туку и поставување на нов рекорд за аргентинскиот тренер: 345 победи во Ла Лига, повеќе од кој било друг тренер во историјата на шпанската прва лига.
Ова достигнување, Чоло го припишува на тимската работа и консистентноста изградена низ годините. Аргентинскиот тренер беше задоволен од изведбата на своите играчи, нагласувајќи ја нивната способност правилно да ја интерпретираат играта.
„Екипата одигра добра игра. Тие разбраа како да вршат добар притисок и како да го казнат Хетафе“, објасни Симеоне, изразувајќи жалење што натпреварот не заврши порано.
Симеоне потоа зборуваше за својот личен рекорд, потсетувајќи на придонесот на сите луѓе кои го придружуваа на неговото патување. „Позади ова се крие многу работа, многу напори и многу играчи вклучени во една идеја. Не победуваш на 345 натпревари само со дефанзива“, рече аргентинскиот тренер.
Поврзани вести

Флик експлодира против судиите: Сè беше против нас, во второто полувреме нашата игра беше спектакуларна

Триплетата и етикетата на „Господин 100 милиони“; Пио Еспозито може да ја промени иднината на Интер

