SportM
Други

Синер е прв иако не игра три месеци, Рибакина го брани врвот кај жените

SPORTM.mk12 окт 2026
Синер е прв иако не игра три месеци, Рибакина го брани врвот кај жените

Италијанскиот тенисер Јаник Синер продолжува да го брани врвот на светската ранг-листа за мажи, иако не игра веќе три месеци. Сепак, Германецот Александер Зверев значително ја намали разликата и за неколку дена се очекува промена на врвот.

На третото место е Шпанецот Карлос Алкараз, но сè уште е многу далеку од првите двајца. Надвор од „топ 10“ е Новак Ѓоковиќ, кој падна на 11. место, додека за прв пат во „топ 5“ се двајца италијански тенисери.

Кај жените нема големи промени, со тоа што Елена Рибакина од Казахстан го брани првото место, одделена со над 2000 поени од Белорусинката Арина Сабаленка. Во „топ 5“ се наоѓаат и Русинката Андреева како и Американките Пегула и Гоф.

„Топ 5“, мажи

1. Јаник Синер, 10.950 поени

2. Александер Зверев, 9.770 поени

3. Карлос Алкараз, 5.610 поени

4. Бен Шелтон, 4.720 поени

5. Флавио Коболи, 3.640 поени

„Топ 5“, жени

1. Елена Рибакина, 9.696 поени

2. Арина Сабаленка, 7.550 поени

3. Мирра Андреева, 6.371 поени

4. Џесика Пегула, 6.225 поени

5. Коко Гоф, 5.974 поени

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.