SportM
Фудбал

Синот на Робињо Џуниор подготвен за голем чекор во кариерата, трансфер во Ла Лига

SPORTM.mk19 авг 2026
Синот на Робињо Џуниор подготвен за голем чекор во кариерата, трансфер во Ла Лига

Бразилските медиуми откриваат дека Робинјо Џуниор, синот на поранешниот талентиран но контроверзен играч на Реал Мадрид и Милан, може ова лето да го направи големиот чекор во својата кариера.

За 18-годишникот кој игра како напаѓач на десната страна има конкретен интерес од два познати тима од Ла Лига: Севиља и Рајо Ваљекано.

Севиља го очекува заминувањето на еден од Ејуке или Варгас и потоа да испрати официјална понуда кон Сантос за Робинјо Џуниор. Според Transfermarkt, пазарната вредност на 18-годишникот е само 5 милиони евра, но сигурно е дека бразилскиот клуб ќе побара многу повеќе од тоа.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.