Connect with us

Фудбал

Скандал во Косово – репрезентативци во ноќен локал, првиот човек на федерацијата со сериозни закани

Сериозен скандал го потресе косовскиот фудбал откако тројца играчи беа исфрлени од репрезентацијата поради нарушување на дисциплината. Едон Жегрова, Аринет Мукири и Флоран Муслиу беа фатени во ноќен клуб по поразот од Романија со 3-0.

Инцидентот се чуваше во тајност, но излезе на виделина, а Фрак Фоде реши да ги избрка тројцата од репрезентацијата.

Косовските медиуми дури тврдеа дека претседателот на косовската федерација, Агим Адеми, бил толку разлутен од инцидентот што им рекол на играчите дека ќе им ги „скрши нозете“.

Од своја страна играчите тврдат дека немало алкохол, но одлуката на тренерот останува на сила.

„Одлуката што беше донесена во врска со нас не е фер и гласините за него воопшто не се точни“, кратко изјави Мурики, кој објасни дека навистина излегол со соиграчите, но на вечера, а не за да се забавува и пие алкохол. .