Скандал во париски стил: Барселона го пријави ПСЖ во УЕФА за транспарентот со моторна пила

Барселона ќе поднесе официјална жалба до УЕФА за транспарент изложен од навивачите на ПСЖ пред натпреварот меѓу овие два тима. На транспарентот пишуваше „Масакр во париски стил“, при што беше прикажан човек со маска и дрес на ПСЖ кој држи моторна пила и го уништува грбот на Барселона.
Според „Спорт“, каталонскиот клуб го смета транспарентот за целосно неприкладен и ќе преземе мерки. Париските навивачи се повикуваа на иконскиот лик Leatherface од филмот „Масакрот во Тексас“, додека маската личеше на таа на Мајкл Мајерс од „Ноќ на вештерките“.
Транспарентот беше истакнат неколку моменти пред почетокот на натпреварот, дополнително загревајќи ја атмосферата на големата пресметка во Лигата на шампионите. Сепак, Барселона не прифаќа ривалството да оди до такви крајности. Според каталонскиот клуб, шоуто треба да остане само на теренот.



