SportM
Фудбал

Скандал во Шпанија поради поништен гол на Левандовски со ВАР

Ј П11 ное 2024
Скандал во Шпанија поради поништен гол на Левандовски со ВАР

„Барселона“ падна по втор пат сезонава во Ла Лига – 0:1 како гостин на „Реал Сосиедад“. Сепак, по натпреварот настана голем скандал поради поништувањето на ВАР-от на Роберт Левандовски во 13. минута.

Полуавтоматскиот систем објави дека имало заседа врз полскиот интернационалец, а судијата Гиљермо Куадрадо Фернандез ја потврди одлуката. Во стоп-моушн снимките од ситуацијата, хаосот и самата ВАР графика, постојат сомнежи дека системот погрешно ја броел копачката на дефанзивецот Наиф Агер, а не на Левандовски, која е зад гол-линијата.

„Во овие ситуации, одлуките ги носи машина. Нема човечки фактор. Штом полуавтоматскиот систем утврди дека има заседа, нема што повеќе да се коментира“, изјави поранешната судијка Итуралде Гонзалес за АС.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.