SportM
Фудбал

Скандали во Манчестер Сити, премиерот Бурнам внимателен: Процедурата е сè уште во тек…

SPORTM.mk2 окт 2026
Скандали во Манчестер Сити, премиерот Бурнам внимателен: Процедурата е сè уште во тек…

„Даунинг Стрит“ го разјасни ставот на премиерот Енди Бурнам за случајот што го вклучува Манчестер Сити. Портпарол на премиерството изјави: “Како што истакна премиерот, одлуката на првостепениот суд е сериозна и не може да се смета на ниту еден начин дека некој е над регулативите.

Тој исто така нагласи дека станува збор за независна процедура која сè уште е во тек. Важно е да и се остави на неа да го следи својот тек и дека конечната одлука да се почитува. Каде и да се откријат неправилности, одговорните лица треба да се соочат со соодветните последици”.

Говорејќи за Би-Би-Си, Бурнхам, поранешен градоначалник на Манчестер, го изрази своето мислење за сопственоста на клубот: “Би бил навистина загрижен ако ги изгубиме. Тие беа клучен партнер во изградбата на модерниот Манчестер. Се разбира, говорам и за трансформацијата на Манчестер Сити во глобална сила каква што е денес како фудбалски клуб”.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.