Connect with us

Други спортови

Скандалозeн потег на Аргентинката во ММА! Ја „удави“ Русинката, па и го сврте задникот (ВИДЕО)

Аргентинската ММА борец Аилин Перез ја победи Русинката Дарија Железњакова во меч кој се одигра иако контроверзната јужноамериканка „падна“ на вага пред овој меч. Потоа во јавноста беа објавени шокантни видеа на кои таа едвај се движи и тешко стои на нозе, но ниту радикалното слабеење на кое прибегна не беше доволно за да ја внесе во категоријата во која требаше да се бори.

Поради ова ќе и биде одземен дел од хонорарот, но не и победата над Русинката која ја „удави“. Сè се случи веќе во првата рунда, каде поискусната Аилин Перез ги искористи своите предности. Таа успеа да ја фрли борбата на земја, па да заземе многу добра позиција и да се постави над противникот, кому со „триаголникот“ му направи огромна штета. Железњакова мораше да се предаде, па судијата во октагонот го прекина овој меч и ја прогласи Аргентинката за победник. Тука само што започна спектаклот – Ајлин Перез реши да ја прослави победата на свој начин. Таа танцуваше во октагонот, тверкаше пред милионската публика и го мрдаше задникот точно пред лицето на противничката.