SportM
Фудбал

Скандалозна изјава на фудбалски аналитичар од Србија: Црнците не можат да останат концентрирани повеќе од 60 минути (ВИДЕО)

Редакција22 јун 2026
Скандалозна изјава на фудбалски аналитичар од Србија: Црнците не можат да останат концентрирани повеќе од 60 минути (ВИДЕО)

Аналитичарот и поранешен фудбалер Раде Богдановиќ во директна програма посветена на Светското првенство на Радио-телевизија на Србија зборуваше, како и обично, со „народски речник“ за натпреварот меѓу Белгија и Иран (0:0), но претера кога го анализираше црвениот картон на Натан Нгој.

Фудбалерот на Белгија поради невнимателност доби директно исклучување во 66. минута, а Богдановиќ истакна дека му попуштила концентрацијата затоа што е темнокож.

„На ова ниво, да бидеш последен играч во одбраната, да удираш топка што не е ниту брза, стои во место, ја имаш во нозете и сакаш да ја удриш со десната, па промашуваш и ја удираш со левата и паѓаш, правиш црвен картон. Јас секогаш сум велел дека тие играчи, не сум расист навистина, но овие црнци немаат концентрација да издржат подолго од 60 до 80 минути“, рече Богдановиќ и додаде:

„Јас играв со нив, ние понекогаш кога игравме, моравме да ги чуваме нашите играчи за да не направат грешка. Денешниот фудбал е таков, ова не може да се случува на ниво на Светско првенство“, изјави Богдановиќ.

Водителот во студиото реагираше и му возврати дека и француската репрезентација има многу темнокожи играчи кои делуваат концентрирано во текот на сите 90 минути.

На тоа Богдановиќ одговори:

„Ако не навлегуваме во детали, а би можеле, и тие прават грешки. Во секој случај, секако не генерализирам, но големо мнозинство нема концентрација и тогаш се случуваат вакви грешки“, заклучи Богдановиќ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.