SportM
Фудбал

Смелата идеја на Хорхе Мендеш за размена помеѓу Милан и Манчестер Сити, ќе биде вклучен Рафа Леао

SPORTM.mk20 авг 2026
Смелата идеја на Хорхе Мендеш за размена помеѓу Милан и Манчестер Сити, ќе биде вклучен Рафа Леао

Спорт Медиасет тврди дека познатиот португалски агент, Хорхе Мендеш, работи на смела размена помеѓу Милан и Манчестер Сити. Идејата на Хорхе Мендеш е во оваа размена да бидат вклучени двајцата играчи кои ги претставува, Рубен Диас и Рафаел Леао.

Португалскиот крилен играч одлучи да го напушти Милан иако има уште две години до истекот на неговиот договор. Црвено-црните бараат 50 милиони евра за неговиот договор.

Од друга страна, Рубен Диас исто така е многу споменуван за можен замин од Манчестер Сити. Португалскиот дефанзивец е под договор со “Граѓаните” до 2029 година.

Според извештајот, идејата на Мендеш вклучува трансфер на Рубен Диас и неколку милиони евра во замена за Рафаел Леао. До сега нема официјални реакции од споменатите страни.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.