SportM
Фудбал

Со хеликоптер на првиот тренинг во новиот тим, тоа е Нејмар (ВИДЕО)

E R3 фев 2025
Со хеликоптер на првиот тренинг во новиот тим, тоа е Нејмар (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Нејмар е во центарот на вниманието во Бразил откако се официјализираше неговото враќање во Сантос, а не остана незабележан и на првиот тренинг, пристигнувајќи со својот хеликоптер.

Нејмар слета на еден од терените еден час пред тренинг, на чудење на многумина. Бразилецот по единаесет и пол години се врати во својот Сантос, а неговата официјална презентација беше одржана на култниот стадион Вила Белмиро. Таму се собраа десетици илјади навивачи на Сантос, кои му приредија на Нејмар незаборавен пречек. Се беше пропратено со пиротехничко шоу, а Нејмар не можеше да ги задржи солзите.

Нејмар започна во Сантос, од каде на 21-годишна возраст се пресели во Барселона, која за неговиот трансфер во 2013 година плати 88 милиони евра. Подоцна играше за Пари Сен Жермен, а со години важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот. Сепак, последната епизода заврши неславно бидејќи поради повреди не играше за Саудиска Ал-Хилал. Нејмар потпиша договор со Сантос до летото оваа година, а претходно најави дека планира да се врати во Европа.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.