SportM
Фудбал

Со позитивна атмосфера на лицата, репрезентативците отпатуваа во Љубљана (ФОТО)

Редакција28 сеп 2026
Со позитивна атмосфера на лицата, репрезентативците отпатуваа во Љубљана (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација попладнево од скопскиот аеродром отпатува во Љубљана каде утре вечер со почеток во 20:45 часот ќе го одигра вториот дуел од Б-Дивизијата од Лигата на нации. Првиот меч заврши со убедлив пораз во Скопје од 0:3 од Швајцарија, со лоша игра на избраниците на Гоце Седлоски, но сепак играчите отпатуваа со позитивна атмосфера и насмевки на лицата во Љубљана.

По овој меч, тие повторно ќе се вратат во Скопје, каде на 3-ти октомври ги очекува натпревар против Шкотска, а овој „прозорец“ се завршува со гостување на Швајцарија на 6-ти октомври.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.