SportM
Фудбал

СП 2026: Анчелоти го однесе на Мундијалот, ама Нејмар топка не пипнал!

Редакција12 јун 2026
СП 2026: Анчелоти го однесе на Мундијалот, ама Нејмар топка не пипнал!

Нејмар доби повик, се спакува и замина на Светското првенство, но сега целиот Бразил е во паника. Како што јавуваат тамошните медиуми, најомилениот бразилски фудбалер би можел да ја пропушти целата групна фаза од Светското првенство.

„Селесао“ првиот натпревар го игра на 13 јуни со Мароко, потоа шест дена подоцна има дуел со Хаити, а на 24 јуни ја затвора групната фаза со Шкотска. Тешко дека ќе имаат проблем да поминат понатаму, но сепак Анчелоти го повикал Нејмар да игра, а не да седи на клупа повреден.

Многу познати играчи како Жоао Педро, Жезус, Антони, Ришарлисон, Габриел Жезус, Жоелинтон, Савињо не се повикани за да се направи место за Нејмар, а тој сега е под знак прашалник.

Што се случува со Нејмар?

Сега веќе искусниот офанзивец не одиграл многу во последните години. Откако го напушти Пари Сен Жермен, речиси и да не беше здрав, но успеа да се опорави во последните шест месеци и повторно да заигра за Сантос. Но, се повреди во претпоследниот натпревар.

Сега новинарот Нико Дијас Менендес од „Теледе порте“ истакнува дека најверојатно ќе ја пропушти целата групна фаза поради повреда на листот. Нејмар сè уште не е приклучен на тренажниот процес, туку само се загрева и прави полесни вежби.

Медицинскиот тим засега проценува дека, поради системот на натпреварување и релативно полесната група за Бразил, Нејмар би било подобро да биде подготвен за нокаут фазата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.