СП 2026: Три црвени картони и триумф на Мексико на стартот од Мундијалот

Во воведниот натпревар на 23. Светското фудбалско првенство, домаќинот Мексико ја совлада вечерва Јужна Африка со 2-0 (1-0) пред 85.000 гледачи на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити во рамки на групата А.
Мексиканската репрезентација тргна офанзивно од самиот почеток и веќе во 9. минута дојде во водство со голот на Кињонес, кој искористи грешка во одбраната на Јужна Африка.
По неколку пропуштени идеални шанси за гол, Мексико ја одвои предноста во 67. минута со голот на Хименез, откако на самиот почеток на второто полувреме Јужна Африка остана со фудбалер помалку на теренот поради исклучувањето на Ситоле.
До крајот на натпреварот бразилскиот судија Сампајо покажа по уште еден црвен картон на двете страни, исклучувајќи ги Зване од Јужна Африка во 84. минута и Монтес од Мексико во судиското продолжение.
Стартното коло во групата А ќе биде комплетирано со дуелот меѓу Јужна Кореја и Чешка што започнува во 4 часот по средноевропско време на стадионот „Акрон“ во Запопан.
Поврзано
Поврзани вести

Тргнете го тоа од дресот-ФИФА нареди на репрезентација да го промени дресот два дена пред почетокот на Мундијалот (ФОТО)

Инфантино: Бев подготвен да одам во Техеран со автобус да ги земам фудбалерите на Иран и да го донесам во САД (ВИДЕО)

