СП 2026: Каков гест, браво – Германските репрезентативци на навивачите ќе им ги платат трошоците за превоз!

Германските репрезентативци ќе им ги платат патните трошоци за превоз со автобус на 600 навивачи за нивниот последен натпревар од групната фаза на Светското првенство, кој Германија ќе го одигра на 25 јуни во Њу Џерси против Еквадор.
Одлуката доаѓа откако градските власти повеќекратно ги зголемија цените на билетите за воз и автобус од Њујорк до стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, што предизвика незадоволство меѓу навивачите.
„Со оглед на високата цена на патувањето со автобус и воз во Њујорк за време на Светското првенство, репрезентацијата на Германија организираат бесплатен превоз за последниот натпревар од групата за 600 навивачи“, соопшти Германската фудбалска асоцијација.
Превозот беше бесплатен за навивачите на последните две светски првенства во Русија и Катар. Четирикратниот светски првак Германија настапот на Мундијалот 2026 ќе го почне во Хјустон против Курасао в недела.
Поврзано
Поврзани вести

СП 2026: По 21 ден во карантин и подготовки во Европа, фудбалерите на оваа африканса земја конечно добија дозвола за влез во САД

Мурињо дојде, но со него и португалскиот виртуоз со топка, Реал доби одлично засилување (ВИДЕО)

