SportM
Фудбал

СП 2026: По 21 ден во карантин и подготовки во Европа, фудбалерите на оваа африканса земја конечно добија дозвола за влез во САД

Редакција12 јун 2026
СП 2026: По 21 ден во карантин и подготовки во Европа, фудбалерите на оваа африканса земја конечно добија дозвола за влез во САД

Американските власти им дозволија влез во земјата на членовите на фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго за да настапат на Светското првенство, јавија денеска светските агенции.

Репрезентацијата на ДР Конго на крајот од мај ги прекина подготвителните тренинзи во Киншаса поради епидемијата на вирусот ебола во земјата, по што се пресели во Европа.

Фудбалерите и стручниот штаб мораа да поминат 21-дневен карантин надвор од територијата на ДР Конго за да добијат дозвола за влез во САД.

Репрезентацијата на ДР Конго веќе слета во Хјустон каде на 17 јуни ќе игра против Португалија, по што следуваат преостанатите два дуели од групата К, против Узбекистан и Колумбија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.