SportM
Фудбал

СП 2026: Судијата на кој американците не му дозволија влез, во својата земја дочекан како херој (ВИДЕО)

Редакција10 јун 2026
СП 2026: Судијата на кој американците не му дозволија влез, во својата земја дочекан како херој (ВИДЕО)

Сомалискиот судија, Омар Артан, кој според ФИФА е најдобриот африкански судија, се врати дома откако не му беше дозволен влез во САД од страна на имиграциското биро. ФИФА беше немоќна, па тој нема да биде во можност да суди на мечевите од Светското првенство, иако беше планиран. Но, кога се врати дома, на аеродромот беше дочекан како херој.

Влезот во САД му бил одбиен во саботата на аеродромот во Мајами поради „безбедносна проверка“, како што соопштила американската царинска и гранична служба, без дополнителни објаснувања.

Потоа, ФИФА го отстрани од листата на судии за турнирот, иако, според информациите на амбасадата на Сомалија, со седиште во Кенија, која ја водела постапката, визата за патување во САД му била издадена минатата недела.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.