Спахиу нов играч на Вардар!
E R31 дек 2024

Фото: tv21m
Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Македонија, Едиз Спахиу, ги засили редови на Вардар пред пролетниот дел на прволигашката сезона, објави денеска најтрофејниот македонски клуб.
Дваесетитригодишниот напаѓач доаѓа во Вардар од редовите на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна четири голови на 18 натпревари.
Спахиу, кој минатата сезона со Тиквеш го освои Купот на Македонија, има 106 настапи во ПМФЛ на кои постигнато 23 голови.
Поранешниот репрезентативец во селекциите до 19 и 21 година, потекнува од младинската школа на Шкендија, а пред Тиквеш настапуваше за Гостивар.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



