Фудбал
Спекталурално, епско полуфинале со 7 голови, Интер е во финале (ВИДЕО)
Каков фудбалски спектакл на “Џузепе Меаца” со 7 голови или вкупно 13 на двомечот помеѓу Интер и Барселона. Вечерашниот реванш понуди неверојатни моменти, водство на Интер од 2:0, па потоа пресврт на Барса во вториот дел за 3:2, а кога многумина ги видоа Каталонците во финале, Ачерби погоди за 3:3 во 93-та. Во судиското надополнување Фратези погоди за 4:3, а потоа Сомер со неколку фантастични интервенции не дозволи гол на Барса и Интер се пласиташе во своето седмо финале во историјата. Интер го чека подоброиот од дуелот ПСЖ-Арсенал (1:0).