Фудбал
Срам за македонскиот фудбал, ова е доказ зошто сме на дното, дали ФФМ ќе ја казни местенката? (ВИДЕО)

Вистински срамен меч одиграа Кожув – Башкими, а според начинот на кој се однесуваа фудбалерите на Кожув и голот на Башкими, јасно е дека станува збор за местенка. Јавноста е згрозена, но и ФФМ, иако од кумановскиот тим тврдат дека нема ништо сомнително, односно дека мечот не е наместен.
Се огласија и од ФФМ:
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот.
Она што го видовме е срамно и неприфатливо.
Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.
Очекуваме целосни извештаи од официјалните лица на натпреварот, по што ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашата надлежност.
Нема да има заштитени – секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност.
Нашата цел е јасна: фудбал без дамка, натпревари во кои резултатите се одлучуваат на теренот, а не зад кулисите.
ФФМ останува цврсто определена да стави крај на нечесните практики и да го врати достоинството на македонскиот фудбал.
Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал.
Во соработка со МВР и надлежните институции ќе преземеме сè што е потребно ваквите случаи да добијат соодветен епилог.