SportM
Фудбал

Срамно скандирање на фановите на Реал Мадрид за Гвардиола, би можело да има и казни (ВИДЕО)

E R20 фев 2025
Срамно скандирање на фановите на Реал Мадрид за Гвардиола, би можело да има и казни (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Реал Мадрид синоќа го елиминира Манчестер Сити во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите со вкупен резултат 6:3 на два натпревари. Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 3:1, а Мадрид славеше со хет-трикот на Килијан Мбапе, кој конечно почна да покажува за што е дојден.

Како резултатски да не беше доволен кошмарот на Пеп Гвардиола, па навивачите на Реал Мадрид смислија навредлива песна за него.


„О, Гвардиола, изгледаш толку слаб. Претходно причина беше дрога, сега те гледаме во Чуека“, пееја навивачите на Реал.

Инаку, Чуека е дел од Мадрид каде се собираат хомосексуалците. Исто така, Гвардиола во последно време има здравствени и психички проблеми по разводот, па јасно е дека ваквите работи му се уште потешки.

УЕФА ќе покрене истрага за сето ова, што може да резултира со финансиска казна, но и затворање на стадионот. Сличен потег имаше за навивачите на Пари Сен Жермен пред само четири месеци, што резултираше со тоа што дел од стадионот „Паркот на принцовите“ беше затворен за нив поради хомофобични скандирања.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.