SportM
Фудбал

Столе Димитриевски непријатно пречекан во Валенсија, мора да се извинува, а најавена и парична казна (ВИДЕО)

E R20 ное 2025
Столе Димитриевски непријатно пречекан во Валенсија, мора да се извинува, а најавена и парична казна (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Голманот на Македонија, Столе Димитриевски, по репрезентативните обврски се врати во Валенсија. Таму, беше непријатно пречекан, пред се на аеродромот, каде доби неколку прашања поврзани за неговото интервју во поткастот кај Лазаров, каде зборуваше зошто не добива поголема шанса да брани во шпанскиот тим. Столе во поткастот рече дека Агирезабала, актуелниот голман, бил прв избор на тренерот  Карлос Корберан затоа што имало некакви менаџерски договори кои морале да бидат исполнети за да не се плаќале „пенали“.

Ова секако не им се допадна на луѓето во Валенсија, па според шпанските медиуми, Димитриевски морал да им се извинува на соиграчите, но и на тренерот. Од тренерот Корберан е најавено дека ќе има парична казна за нашиот голман, а со тоа како што самиот изјави ќе биде завршен случајот. Тренерот воедно додал дека целата ситуација нема да влијае на спортски план врз Столе Димитриевски.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.