Струга го совлада Работнички, еден бод заостанува зад лидерот Вардар
E R24 ное 2025

Фото: tv21m
Фудбалерите на Струга го совладаа попладнево Работнички на гостувањето во Скопје со 3-1 во завршниот натпревар од 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
До својата четврта победа во низа, а вкупно 11 оваа сезона, Струга дојде со головите на Јевтоски (11 минута), Малески (21) и Шабани (70, пенал), додека почесниот гол за Работнички го постигна Трајков (54).
Со денешниот триумф Струга со задржа чекорот со лидерот Вардар, заостанувајќи бод на второто место, додека Работнички остана на претпоследното место на табелата.
Табела: Вардар 35, Струга 34, Шкендија 30, Силекс 28, Башкими 22, Арсими 18, АП Брера 16, Тиквеш 15, Македонија ЃП 14, Пелистер 11, Работнички 7, Шкупи 1.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



