Connect with us

Фудбал

Судиската организација во Италија: Играчот на Милан не направил пенал на мечот со Лацио (ВИДЕО)

Од моментот кога заврши натпреварот меѓу Милан и Лацио, кој „росонерите“ го добија со 1:0, речиси непрекинато се зборуваше за ситуацијата во судиското продолжување, кога не беше досуден спорниот пенал за Лацио. Асоцијацијата на судии на Италија ја отстрани дилемата дали имало или не пенал.

Спорниот момент се случи во длабоко продолжување. По ударот на Алесио Ромањоли, топката ја погоди раката на Страхиња Павловиќ. Судјата дури отиде да ја прегледа ситуацијата по повикот од ВАР-собата. Масимилијано Алегри доби и црвен картон, но на крајот беше одлучено дека нема пенал.

Одлуката на Асоцијацијата на судии на Италија е:

– Пенал за Лацио никако не можеше да се досуди, а за тоа постојат и неколку објаснувања.

Растојанието помеѓу ударот кон голот на играчот на Лацио Ромањоли и раката на играчот на Милан Павловиќ е половина метар, како и ситуацијата дека Павловиќ не е свртен кон играчот во моментот на ударот.

Пред споменатата ситуација имаше меѓусебно влечење помеѓу Марушиќ и Павловиќ, но при ударот на Ромањоли, Марушиќ јасно го влече играчот на Милан и со тоа прави прекршок кој подоцна е и евидентиран. Секој прекршок или меѓусебно влечење во шеснаесетникот секогаш ќе биде пресудено во корист на играчот кој го брани голот, во овој случај Павловиќ.

Дури и да немало прекршок на Павловиќ, тука пенал не би бил досуден затоа што е јасно дека растојанието меѓу играчите е мало и тоа не се суди. Дополнително, Павловиќ беше свртен со грб и не се гледа јасна намера за играње со рака. Притоа, раката му беше поблиску до телото, што јасно се гледа и топката го удира во лактот. Ситуацијата е јасна.

Лацио како клуб ќе биде парично казнет со 150.000 евра затоа што одбиле да се појават на прес-конференцијата.

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, ќе биде казнет со 75.000 евра поради тоа што не сакал да дојде на прес-конференцијата. Судјата Ди Паоло, кој го повикал главниот судија, ќе биде казнет со неспроведување (не водење натпревари) 15 дена. Судјата Патерна (асистент на Ди Паоло), кој сигнализирал кон главниот ВАР-судија, ќе биде казнет седум дена.