Суровата реалност на македонскиот фудбал: Европа е далеку, а милионите од УЕФА создаваат лажна еуфорија
Редакција29 јун 2026

Анализирајќи ја состојбата во домашниот фудбал, Срѓан Захариевски во гостувањето на „Мундокаст“ посочи на огромниот јаз меѓу македонските клубови и европските стандарди.
„За жал, далеку сме од вистински професионален фудбал. Буџетите растат, трошоците се тродуплирани, а спонзори тешко се наоѓаат бидејќи нема повратен ефект – нема ТВ права, нема доволно продадени билети. Кога некоја наша екипа ќе стигне до европските натпреварувања и ќе инкасира 5 милиони евра, ние паѓаме во транс. Но, тоа се мали пари во споредба со буџетите на клубовите од регионот како Динамо Загреб или Олимпијакос, кои оперираат со суми од 50 до 100 милиони евра“, потенцираше Захариевски, додавајќи дека за европските гиганти ние сме само „хотелски предизвик“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



