SportM
Фудбал

Тагата на Лео Меси ги зближи Барселона и Реал Мадрид

SPORTM.mk8 авг 2026
Тагата на Лео Меси ги зближи Барселона и Реал Мадрид

Смртта на таткото на Лео Меси, Хорхе Меси, на 68-годишна возраст по тешка болест, ги зближи Барселона и Реал Мадрид, кои јавно изразија сочувство кон аргентинската ѕвезда.

„Претседателот и Бордот на директори на ФК Барселона изразуваат најдлабоко сочувство поради смртта на Хорхе Меси, таткото на легендата на Барса, Лионел Меси, и во име на целото семејство Барселона, искрено сочувство до семејството Меси.

ФК Барселона му се заблагодарува на Хорхе Меси за неговата посветеност кон нашиот клуб, на кој му ги довери првите години и најголемите моменти од фудбалската кариера на својот син Лео.

Вечен му мир“, се наведува во официјалната реакција на каталонскиот клуб.

„Клубот на Реал Мадрид, претседателот и бордот на директори изразуваат длабоко жалење за смртта на Хорхе Меси, таткото на Лео Меси.

Нашиот клуб сака да изрази сочувство до Лео, неговото семејство и сите негови сакани. Вечен му мир“, се наведува во официјалната реакција на мадридскиот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.