Таткото на довчерашниот напаѓач на Милан: Мојот син земал антидепресив само за да игра

Кристијан „Чако“ Хименез, татко на Сантијаго Хименез, зборуваше за FOX по официјализирањето на преминот на неговиот син од Милан во Порто, на заем со право за откуп, кое станува обврска под одредени услови.
„Кога играше, одигра 9 натпревари, но во тие 9 натпревари продолжи да игра и покрај повредата и не сакаше да запре, затоа што беше стандарден. Санти не зема никакви лекарства, но земаше и Досул (еден антидепресив) само за да игра, бидејќи немаа други алтернативи и другите напаѓачи беа повредени. Има работи што можеби светот не ги знае, но јас знам. Што се однесува до настапите, може да биде дека не одеше добро или не беше продуктивен, но во првите 9 натпревари, пред повредата, тој беше стандарден.
Кога се врати од повредата, тимот претрпе голем пад, преминувајќи од првото место на петтото. Тоа е дел од процесот на растење, не е крај на светот. Тој е 25 години, има постигнато 99 голови во кариерата и во 12 натпревари во Лигата на шампионите има остварено 8 голови и има две асистенции.“



