Тажен ден во Македонија, почина легендата на македонската кошарка!
E R13 авг 2024

Фото: tv21m
На 85-годишна возраст синоќа во Скопје почина легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ.
Популарниот „Грк“ работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол Ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис). Како дел од стручниот штаб на југословенската репрезентација има освоено светски шампионат во 1970 година.
Лазар Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во независна Македонија.
Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.
Погребот на Лечиќ ќе биде утре на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



