SportM
Фудбал

Тен Хаг назначен за тренер на Баер Леверкузен, ќе го повтори ли успехот на Алонсо?!

E R26 мај 2025
Тен Хаг назначен за тренер на Баер Леверкузен, ќе го повтори ли успехот на Алонсо?!

Фото: tv21m

Новиот тренер на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг ги сподели своите емоции по неговото назначување во бундеслигашот.

Баер договори соработка со 55-годишниот фудбалски стручњак со важност до летото 2027 година.

– Баер Леверкузен е еден од најдобрите клубови во Германија и исто така е дел од пошироката европска елита. Клубот нуди одлични услови, преговорите со управата ми оставија одличен впечаток. Дојдов во Леверкузен за да ги потврдам амбициите на клубот, кои пораснаа во последните години. Возбудлива цел е да се создаде нешто заедно во овој период на промени, изјави Тен Хаг.

Последната работа на Холанѓанецот беше во Манчестер јунајтед, кој го напушти во октомври 2024 година.

Тен Хаг го замени Чаби Алонсо како главен тренер на Баер, кој замина да го води Реал Мадрид.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.